Ахмети: На 30 септември се гласа за вредности и за стртешки цели

11
epa01343256 A leader of the Democratic Union for Integration (DUI) ,Ali Ahmeti greets to his supporters during the protest against violence during electorial campaign in Tetovo on 13 May 2008. Ali Ahmeti, has escaped an attempt on his life while campaigning for the country's June general election, local media reported on Tuesday.Ahmeti, a leader of the Democratic Union for Integration (DUI), told police gunmen opened fire on his car in the western village of Rahovec on Monday but he escaped uninjured. EPA/GEORGI LICOVSKI
epa01343256 A leader of the Democratic Union for Integration (DUI) ,Ali Ahmeti greets to his supporters during the protest against violence during electorial campaign in Tetovo on 13 May 2008. Ali Ahmeti, has escaped an attempt on his life while campaigning for the country’s June general election, local media reported on Tuesday.Ahmeti, a leader of the Democratic Union for Integration (DUI), told police gunmen opened fire on his car in the western village of Rahovec on Monday but he escaped uninjured. EPA/GEORGI LICOVSKI

Трибина со граѓаните на Кичево попладнево одржа лидерот на ДУИ Али Ахнети кој беше придружуван од преседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот Хазби Лика, градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари и шефот на Штабот на ДУИ за референдумот за Кичево, министерот за економија Крешник Бектеши.
Преседателот на Собранието Џафери порача дека ЕУ и НАТО се стратешки и дамнешни желби на сите нас и, како што рече, трибините се држат пред се за да се објасни суштината на референдумот.
Лидерот Ахмети посочи дека референдумот на 30 септември значи стратешка цел, силна и сигурна држава, сигурност и иднина за идните генерации.

– За сето ова непрекинато работиме 17 години. Требаше прво да се реши проблемот со Бугарија, потоа дојде компромисот со Грција кој донесе незадоволства кај двете страни, но во него е иднината на сите граѓани без исклучок, бидеќи сме свесни за придобивките што ги носи зачленувањето во ЕУ и НАТО. На 30 септември сите граѓани на Македонија заеднички сплотени ќе гласат за вредности, бидеќи тоа е стратешка цел на сите иако има и сили кои работат против заедничката цел. Затоа сите да излеземе и да гласаме за европска Македонија како чкенка на најмоќниот воен сојуз НАТО, рече Ахмети.
Трибината продолжи со прашања упатени до функционерите на ДУИ кои денеска беа во Кичево.
На прашњето до каде е систематизацијата за административците по Рамковен договор, вицепремиерот Лика одговори дека процесот со првата група е заокружен и дека интензивно се работи да се заокружи и систематизацијата со последната група на административци.