Ахмети доби “корпа” од Села и Гаши

83

Лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, ја одбија поканата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за средба на лидерите на албанските партии на 13 август, симболично на денот на Охридскиот рамковен договор. Тие бараат средбата да биде на друг датум, по 17 август, но и да биде прецезирана агендата на средбата.

 -Во функција на содржината и плодна средба, би било убаво поканата да има друг предлог за дневен ред, за да можеме да имаме појасна причина за организирање на средбата на албанските парламентарни партии. Во оваа смисла, разгледајте ја можноста за друг датум, почнувајќи од понеделник (17.08.2020) па натаму, секако со тоа што ќе известите неколку дена порано за агендата, стои во заедничкото соопштение на Села и Гаши.

Ахмети во понеделникот испрати покана за средба на лидерите на парламентарните политички партии на Албанците на денот кога е потпишан Охридскиот рамковен договор, без детали за што ќе се разговара на средбата, но наведе дека поканата следува по оддржаните предвремени парламентарни избори на 15 јули.