Атлетичар колабираше среде трка

29

Јамајканскиот атлетичар, Кимој Кембел, се онесвести за време на трката на 3000 метри на атлетскиот митинг во Њујорк. Тој на средина од трката како кула од карти падна на патеката по што веднаш беше јасно дека не се работи за спортска повреда, туку дека во прашање е нешто посериозно.

Останатите натпреварувачи веднаш панично почнаа да бараат помош, покажувајќи дека се работи за срцето. Кембел лежеше без да мрдне, додека лекарите му даваа прва помош што предизвика молк во арената, а атлетичарите клекнаа на колена се прегрнаа и се молеа за неговиот живот.

Поради оваа несреќа, митингот беше прекунат извесно време, а публиката и учесниците го поздравија со громогласен апалуз петкратниот шампион на Јамајка на 1.500 и 5.000 метри додека го изнесуваа на носилка од салата.