Атина: Во населба откриени повеќе од 23 тони забранет фреон од Кина

31

Секторот за борба со финансиски криминал од грчкото министерство за финансии, во непријавен магацин, во населба во западниот дел на Атина, откри 1939 пакувања со над 23 тони фреон за една употреба.

Фреонот бил произведен и пакуван во Кина, а е забранет во Европската унија.

Како што соопштуваат од Министерството за финансии на Грција, според искусните фактори на пазарот, откриеното количество претставува историски рекорд во Европа, jави дописничката на МИА од Атина.