Астронаути ги испекоа првите колачиња во вселената

355

Астронаути спровеле експеримент кој имал за цел да ја проучи можноста за готвење при патувања на долги релации, и успеале. Во специјална рерна со нулта гравитација на Меѓународната вселенска станица минатот месец се печеле чколадни бисквити, пренесе Би-Би-Си, а објави и националнагеографија.рс.

Бисквитите со чоколада станаа прва храна некогаш испечена во веселната!

Бисквитите затворени во поединечни вреќички се вратија на земјата на 7. jануари, а резултатите од експериментот што го спровеле астронаутите Лука Пармитано и Кристина Кок, беа објавени оваа седмица.

Портпаролот на компанијата Дабл Три, која испорачува тесто, изјавил за Би-Би-Си дека колачињата наскоро ќе бидат подложени на дополнителни испитувања од страна на стручњаци за храна за да ги утврдат конечните резултати од експериментот.

За приготвување на чоколадните бисквити во вселената е потребно многу повеќе време. Истата смеса би била испечена на Земјата за приближно 20 минути на 150 степени Целзиусови, додека готвачите во вселената првото бисквитче го печеле 25 минути, и не било доволно печено. Другото го наместиле да се пече 75 минути, и неговата пријатна миризба се раширила низ Меѓународната вселенска станица. Следните две колачиња кои се печеле 120, односно 130 минути, важат за најуспешни.