Астероидот 2017 XC62, со пречник од 190 метри, кој што доколку влезе во атмосферата би предизвикал експлозија како неколку нуклеарни бомби, на 24 јануари ќе се приближи до Земјата.

Според службата за следење на астероиди на НАСА, овој вселенски „камен“ има дијаметар помеѓу 84 и 190 метри и е сличен по големина на оној што ја предизвика експлозијата познат како „Тунгуска експлозија“ во 1908 година во Русија.

Астероидот 2017 XC62, кој се движи со брзина од 4,31 километар во секунда, ќе се приближи до Земјата на оддалеченост од седум милиони километри и можноста за судар е многу мала. Последната забележана експлозија на астероид беше онаа над Челјабинск во Русија во 2013 година, кога во атмосферата експлодираше астероид со дијаметар од 17 метри.

Експлозијата на астероидот со дијаметар меѓу 84 и 190 метри би предизвикала експлозија од околу 12 мегатони, што е моќ на неколку нуклеарни бомби или 800 пати повеќе од експлозијата на нуклеарна бомба над Хирошима, „Џерусалим Пост“