Асенсио наследник на Фирмино

65

Крилниот напаѓач на шпанскиот гигант Реал (М), Марко Асенсио, е најновата желба на менаџерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јурген Клоп. Трофејниот германски стручњак е убеден дека повремениот репрезентативец на Шпанија може да биде идеална замена за бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино, и затоа побара од клупските челници да испратат официјална понуда не помала од 50 мил. евра.