Асанж во притвор до разгледување на барањето за екстрадиција во САД

30

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе остане во притвор се додека се разгледува барањето за негова екстрадиција во САД, одлучи судот во Лондон.

Моментно Асанж, кој присуствува на судско рочиште преку видео врска, издржува казна од 50 недели за непочитување на условите за гаранција. Судската одлука значи дека Асанж ќе остане в затвор по истекување на тој период, иако австралиските адвокати се обидуваат да ја оспорат законитоста на екстрадицијата и очекуваат процесот да трае повеќе месеци.

– Денеска се јавивте во судот бидејќи вашиот рок за лишување од слобода набрзо ќе заврши. Кога ќе се случи тоа, тогаш вашиот статус ќе се промени од затвореник кој издржува казна во лице кое очекува екстрадиција, изјави судијата Ванеса Берајцер, нагласувајќи дека на адвокатите на Асанж им е овозможено да побараат ослободување на својот клиент под гаранција, но тие одбиле.