Израелски археолози во текот на ископувањата во градот Јавне пронашле цело кокошкино јајце старо околу 100 години, кое се смета за едно од најстарите во светот, известија израелската Управа за антиквитети (ИАА).

„Станува збор за многу ретко откритие во Израел и во светот. Пронаоѓањето на делови од лушпа од јајце секогаш ни е интересно откритие кога работиме на ископувањата, сепак, тоа релативно е вообичаено. Но, пронаоѓање на цело јајце навистина е единствена појава“ – вели д-р Ли Пери од ИАА.

Јајцето е пронајдено на подрачјето кое датира од византискиот период (од IV до VII век од новата ера).

„Со оглед на тоа дека е напукнато, поголемиот дел од внатрешноста е истечен, но сочуван е дел од жолчката, кој ќе ни овозможи понатамошни истражувања“ –  истакна Гал.

„Одличната сочуваност на јајцето веројатно е последица на условите во кои лежено со векови, заштитено во септичка јама со меки лушпи од отпад. Тоа всушност и го сочувало во таква добра состојба толку долго време. Дури и денес јајцата ретко опстојуваат и во картонски пакувања во супермаркетите. Неверојатна е помислата дека се работи за откритие старо 1.000 години“ – објаснува археологот Ала Нагорски.

Јајцето што е пронајдено во израелскиот град Јавне, дополнително напукнало и се скршило откако е извадено од местото на кое е откриено, но набрзо е вратено во првобитната положба во лабораторијата на ИАА.