Артета стои на тенок мраз

76

Англиските медиуми се убедени дека е прашање само на време кога лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе стави крај на соработката со шпанскиот стручњак, Микел Артета. Популарните „топчии“ имаа очаен старт во новата сезона, три порази на три натпревари, без постигнат гол, и затоа се погласни се шпекулациите дека Артета ќе добие отказ, а на негово место ќе биде ангажиран поранешниот селектор на Англија, Сем Алардајс.