
Португалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон, Педро Нето, е најновата желба на менаџерот на Арсенал, Микел Артета. Шпанскиот стручњак е убеден дека 23-годишниот Нето може да биде идеална опција кога е во прашање офанзивната линија на „топчиите“ и затоа ќе побара од клупските челници веднаш на почетокот од зимскиот преоден рок да испратат официјална понуда не помала од 20 мил. евра.