Еден од најконтроверзните тенисери на денешницата, Австралиецот Ник Кирјос, повторно е во центарот на вниманието откако овој пат „удри“ по првиот рекет на АТП листата, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Кирјос очигледно не го поднесува премногу Ѓоковиќ, а тоа најдобро го илустрираше во една емисија кај познатиот новинар на „Њујорк тајмс“, Бен Ротенберг.

  • Новак е болно опседнат со желбата сите да го сакаат. Тоа толку го посакува поради што јас повеќе не можам да го поднесам. Следен пат кога ќе играме еден против друг, доколку го победам, ќе ја го прославам триумфот на начин вообичаен за него. Тој е најарогантниот тенисер на турнирот во Рим, убедливо, изјави Кирјос.

Двајцата тенисери зад себе имаат два меѓусебни дуели, на двата победи Австралијанецот, но по овие зборови Ѓоковиќ ќе има дополнителен мотив да го „приземји“ контроверзното момче.

Кирјос изминатиов период постојано е во главна улога поради бројни инциденти, добиваше многу суспензии како и парични казни, но и покрај тоа продолжува по свое. Исто така често пати знае да дојде и до расправија со публиката, како и со  главниот судија.