Арнолд Шварценегер нападнат на спортски настан во Јужна Африка (видео)

116

Познатиот бодибилдер, актер и политичар Арнолд Шварценегер беше нападнат во Јужна Африка. 71-годишниот Американец пристигна во Сандтон за да суди на локален спортски настан.

Додека тој потпишува автограми, непознат човек се стрча зад него и во скок со нозете го удри грбот. Причините за ова однесување се непознати.

Шварценегер стана познат по своите улоги во култните филмови како „Терминатор“; „Командос“; „Се сеќавам на сите“ и неколку други. Од 2003 до 2011 година, тој беше гувернер на Калифорнија.