АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО АЛБАНИЈА: Пожар голта сѐ пред себе, има повредени/ВИДЕО

791

Голем пожар попладнево избувна во скадарската населба „Ндок Мази“ во близина на пазарот за користена облека. Неколку станбени згради беа зафатени од пламените јазици, а изгореа 25 стопански единици.

Како што пренесуваат албанските медиуми, жена е изнесена на носилка поради задушување со чад.

На местото на настанот пристигнаа бројни полициски и противпожарни единици кои интензивно работат на гаснење на пожарот.

За помош е побарана цивилна служба за итни случаи, додека пожарникарите продолжуваат да работат, а соопштено е дека средства пристигнале и од Малезија е Маде и Улцињ.

Зборуваше министерот за внатрешни работи

По повод страотниот пожар се огласи и министерот за внатрешни работи Таулант Бала, кој на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како огнената стихија ја „голта“ зградата.

Пожарот бил од големи размери, а како што можете да видите на видеото, сликите се апокалиптични.

Министерот рече дека пристигнале и противпожарни екипи од соседните општини за да помогнат во гаснењето на пожарот, а Армијата интервенирала од воздух со хеликоптер.

Евакуирани жители од околните куќи

– Противпожарните служби работат на гаснење на многу голем пожар во населбата Кафхарди. Државната полиција ги евакуираше жителите од околните куќи, а на помош пристигнаа голем број пожарникари од соседните општини. Вооружените сили ќе интервенираат од воздух со хеликоптер – напиша министерот Бала.

На Нводно лекарска помош добиле еден жител од тој крај и еден пожарникар по задушување од пожар.

За среќа, нивната состојба е добра.