АПОКАЛИПСА во Луизијана: Дува ветер со 240 километри на час, поплавен е Њу Орлеанс/ВИДЕО

720

Ураганот Ида пристигна до брегот на Луизијана, која до крајот на денот треба да биде целосно погодена од силата на „големиот и крајно опасен ураган“.

Првите снимки од ударот на ураганот на брегот веќе се појавија на социјалните мрежи. Луѓето известуваат дека доаѓа многу силен ветер и дека нивото на морето предизвика поплава во некои делови на Њу Орлеанс, дури и во Алабама.

Американскиот национален центар за мониторинг на урагани објави дека ураганот се засилил до категорија 4 (од максимум 5). Неговите ветрови дуваат со брзина поголема од 240 км/ч.

Веќе пристигнуваат и снимки од силен ветер и поплавени области крај брегот на Луизијана.