Аплауз за 104-годишна баба од Колумбија: Вторпат го победи коронавирусот/ВИДЕО

123

Колумбијка на 104 години, доби аплауз од медицинскиот персонал на болницата откако по вторпат се справи со коронавирусот.

Првиот пат Кармен Хернандез се инфицираше со Ковид-19 минатата година во јуни, и се лекувала во дом за стари лица во Сан Хозе, каде што живеела 25 години.

Во февруари била вакцинирана, а минатиот месец повторно се заразила со коронавирусот, и била примена на интензивна нега.

По 21 ден лекување, Кармен била пуштена од болница, а беше испратена од болницата со огромен аплауз од медицинскиот персонал.