Апел: Не правете „селфи“ во тунелите кај Грделичката клисура

116

Коридори Србија апелираат до граѓаните да не сопираат во тунелите на новоотворената делница на јужниот крак на Коридорот 10 во Грделичката клисура.

На граѓаните во соопштение им се советува да не прават „селфи“, бидејќи со тоа ја загрозуваат својата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Откако минатиот викенд беше отворена делницата низ Грделичката клисура, одредени возачи ги кршат сообраќајните прописи и сопираат во тунелите, што автоматски ги активира алармите во оперативниот-технички сектор, поради што екипите излегуваат на терен со цел да им помогнат на вотунелот, наведуваат од Коридори Србија во соопштението.