Холивудската актерка Анџлина Џоли во интервју за „Гардијан“ проговори за својот брак со Бред Пит и прв пат откри дека се плашела за безбедноста на своето семејство.

Разводот од Бред Пит и понатаму се одолговлекува, а во меѓувреме славната актерка ја подготвува својата книга “Know Your Rights”. Анџелина го обвини Брет Пит за злоставување на децата, а сега открива дека стравувала за целото семејство за време на бракот.

„Јас не носам лесно одлуки. Многу нешта поминаа додека не почувствував дека сум во позиција кога морам да се одвојам себе си и семејството од таткото на моите деца“, вели Анџелина Џоли во интервјуто.

Таа и Брет Пит имаат шест деца: Медокс (20), Пакс (17), Захари (16), Шејло (15) и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Од сите нив, само Медокс не е вклучен во борбата за старателство бидејќи е полнолетен.

Актерката поднесе барање за развод во 2016 година и го обвини Бред за слоставување на децата по инцидентпт кој се случил меѓу него и Медокс. Иако двојката веќе неколку години формално е разделена, борбата за старателството се уште е во тек.

Анџелина изјави и дека последните пет години од бракот посебно им биле трауматични.

„На некој начин, целата деценија од бракот беше лоша. Многу работи не можам да ги кажам. Мислам дека на крајот од целата приказна, дури и кога ќе остане само шака луѓе кои ја знаат целата вистина за вас, можете да се помирите со сите, без огледа на тоа што се случува околу вас“ – вели Анџелина Џоли.