Анџелина Џоли како “од мајка родена“ на насловницата на Harper’s Bazaar

102

Познатата холивудка актерка Анџелина Џоли осамна гола на насловницата на декемвриското издание на Harper’s Bazaar. Таа во големото интервју зборуваше за нејзините емотивни лузни, детството, мајчинството и хуманитарната работа, откривајќи непознати детали за себе.

На фотографијата што ја сподели магазинот на својот Инстаграм профил, Анџелина позира целосно гола, покриена со проѕирен вел, а има снимено и неколку различни фотографии. На една од нив, таа позира од глава до петици, покриена со транспарентна црна мрежа под која носи само градник и гаќички.

Актерката во оваа прилика откри дека сака да се пресели во странство, но нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит се спротивставува на тоа.

“Јас би сакала да живеам надвор, и ќе го направам тоа веднаш штом моите деца ќе наполнат 18. Во моментот, ние мора да бидеме близу до нивниот татко. Потешко ми е да се справам со тие невидливи лузни. Животот носи многу промени. Понекогаш боли, а понекогаш гледаш дека ги боли оние што ги сакаш и затоа не можете да бидете слободни како што бара вашиот дух. Сега чувствувам дека мојата крв се враќа во моето тело“, вели некогаш дивата актерката во своето најново интервју.