Анкета: Само околу 30 отсто од Американците му веруваат на Трамп за ковид-19

15

Според најновото истраживање на Универзитетот Кинипијак од Конектикат приближно 30 проценти од гласачите регистрирани во САД веруваат на информациите на претседателот Доналд Трамп за епидемијата со Ковид-19.

Тоа значи дека 67 проценти од гласачите не му веруваат на Трамп за новиот коронавирус. Всушност само еден од тројца анкетирани изјавиле дека Трамп е искрен и ја зборува вистината.

Си-Ен-Ен објави дека е невообичаено голем број на приврзаници на Трамп да не му веруваат на претседателот.

Резултатите од анкетата на Универзитетот Кинипијак покажуваат и дека 65 проценти од регистрираните гласачи „веруваат на информациите на (главниот епидемиолог и советник на админситрацијата) Ентони Фауџи за ковид-19.