АНКЕТА: Кој е поголем македонски фудбалер?

9287

Сега, кога треба сите ние да бидеме горди на избраниците на Благоја Милевски, кога треба да им се даде уште поголема поддршка пред следните квалификации за ЕП 2024, кога треба да бидеме сплотени, сведоци сме на непотребна сапуница помеѓу легендарните репрезентативци на Македонија, Горан Пандев и Дарко Панчев.

Во последното интервју што го даде за „Франкфуртер алемајне цајтунг“, Панчев изјави дека Македонија со Пандев губела од Андора. Сосема очекувано, неколку часа подоцна, Пандев му одговори на Панчев дека му е многу мака затоа што Македонија без него се пласираше на ЕП 2020 и играше бараж за СП 2022.

Кој е поголем македонски фудбалер?