АНКЕТА: Дали треба да останат замрзнати цените на основните производи и по 31 јануари?

240

Најверојатно мерката за замрзнати цени ќе продолжи, но нема да има директно замрзнување на цените, туку на маржите на производите кои се увезуваат.

Ваква мерка Владата донесе во 2020 година кога почна пандемијата и истата даде резултати.

На овој начин ќе се заштитат домашните производители кои по 31 јануари, кога ќе престане да важи мерката за замрзнати цени, ќе имаат одврзани раце и ќе можат да ги зголемат цените на производите.

Во меѓувреме статистика пресмета дека за една година трошоците за живот пораснале за 3,2 отсто, а цените на мало за 4,3 отсто.

Дали треба да останат замрзнати цените на основните производи и по 31 јануари?