АНКЕТА: Дали сте за враќање на редовното служење на воениот рок?

3102

Служењето на воениот рок во Македонија не е задолжително повеќе од петнаесетина години, односно последната генерација што задолжително мораше да служи воен рок беше во 2006 година.

Но, од 2011 година граѓаните што ги исполнуваат условите поставени од АРМ можат да се пријават за доброволно служење на воениот рок. Притоа, кандидатите мора да имаат наполнето 18 години, но и да не бидат постари од 26 години.

После толку време денес постојано се поставува прашањето – дали треба да се врати задолжителното служење на воениот рок?

Ова прашање го актуелизира српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, кој смета дека младите во Србија да ја искористат можноста и да одговорат на доброволното служење на воениот рок. Но, тој воедно најави дека ќе има стручни дискусии за враќање на задолжителното служење на воен рок, нагласувајќи дека тој е за тоа, но дека ќе се види дали ќе трае три недели или три месеци.

-Враќањето на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни. Немирни сме кога имаме поплава или пожар и не знаеме како да реагираме. Кога зборуваме за враќање на воениот рок, не зборуваме за војување, туку војската да биде на услуга на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти, нагласи министерот за одбрана.

Дали сте за враќање на редовното служење на воениот рок?