АНКЕТА: Дали недела неработен ден ќе биде само на хартија?

165

Пратениците не успеаја да ги донесат измените на Законот за работни односи со кои недела требаше да се прогласи за неработен ден за повеќето дејности.

Тие, иако требаше да бидат донесени порано и да почнат да се применуваат од 1 октомври, најверојатно ќе бидат усвоени по завршување на локалните избори, со оглед на тоа што беше најавено дека Парламентот дотогаш нема да заседава.

Законот предвидува недела да биде ден на неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат.

Дали недела неработен ден ќе биде само на хартија?