Европскиот совет на 23 јуни ќе одржи конференција за Западен Балкан, по која лидерите на ЕУ ќе го отпочнат редовниот јунски самит. На самитот, меѓу другото, ќе се решава дали Македонија и Албанија ќе добијат зелено светло за отпочнување на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.