АНКЕТА: Дали државата треба да ги тргне маржите и да ги заштити граѓаните од нов ценовен шок?

569

Граѓаните ги очекува нов бран поскапувања на основните прехранбени производи.

Денеска престануваат да важат владините мерки, а и покрај најавата и барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мерките да траат до крајот на годината нема да има нови замрзнувања на цените на прехранбените производи.

Производствените компании веќе ги пресмета новите повисоки цени на храната по серијата поскапувања на суровините, нафтата, струјата, транспортот и на работната сила со растот на минималецот.

Граѓаните веќе се навикнаа на секојдневните поскапувања, па најавата за нов ценовен шок за нив речиси и да не е ништо ново. Само се прашуваат до кога сето ова ќе трае и кога конечно ќе се стабилизираат цените на храната и на струјата?

Дали државата треба да ги тргне маржите и да ги заштити граѓаните од нов ценовен шок?