АНКЕТА: Дали годинава ќе има предвремени парламентарни избори?

1853

Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата, ќе трае сè до договор за датум за предвремени парламентарни избори. Блокадата, според партијата, подразбираше и „попречување на штетните закони и политики“. За власта и покрај бојкотот и блокадите, Собранието функционираше.

За предвремени парламентарни избори, стабилноста на парламентарното мнозинство, како и оценка за работата на Собранието изминатата година, МИА побара одговори од поголемите парламентарни политички партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, ЛДП, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Движење БЕСА.

Власта и опозицијата не отстапуваат од своите ставови. Според СДСМ, предвремени парламентарни избори нема да има и ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, а ВМРО-ДПМНЕ предлага тие да се одржат напролет, во периодот меѓу 14 и 21 мај 2023-та.

 

Дали годинава ќе има предвремени парламентарни избори?