За приватниот живот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај многу малку се знае и зборува во јавноста. Неговиот живот од командант на ОВК до косовски премиер во два наврати го следат две жени.
Моментално е во брак со втората сопруга, новинарката Анита Муцај, со која има три деца.
https://www.instagram.com/p/Bf3Is9blrgk/?utm_source=ig_web_copy_link
Анита не е непознаница за приштинската јавност, напротив, таа е многу активна на социјалните мрежи, па често споделува фотографии од нивниот семеен живот. Оваа врска датира од ОВК периодот на Харадинај, кога Анита го прави првото интервју со него.
Но, тоа што не е толку познато, како што пишува срспки „Блиц“, е дека Харадинај претходно бил во вонбрачна врска со една Финкиња, Јоана Карлсон, со која има син. Се запознала, наводно кога тој во Швајцарија работел на врата на еден клуб. За таа врска пишувале и албанските медиуми, но не толку, како за актуелната сопруга.