Анестезиолози од Инфективна го открија лицето под маската: Тивки херои и неуморни на првите линии на фронтот

553

Денот на здравјето оваа година пристигна во многу тешки и предизвикувачки моменти за секој граѓанин.

Како фела како никогаш досега сме исправени пред еден невидлив непријател и веруваме дека со нашата стручност и пожртвуваност ќе ги надминеме предизвиците. И добро се држиме, напишаа на Фејсбук страницата на Клуб на Млади Лекари / Young Doctors Club

Колеги здравствени работници, нека Ви е честит денот. Нѐ правите горди и нѐ инспирирате во борбата за еднаков, правичен и подобар здравствен систем, како за нас така и за пациентите.

Нашата храброст е најгласната порака за граѓаните: придржувајте се до препораките, држете социјална дистанца и седете дома ❤️

#WorldHealthDay #СедиДома

П.С. Фотографиите се од нашите колеги анестезилоози, Ета Огњанова и Sanja Golubić … тивки херои и неуморни на првите линии на фронтот, пишува во постот на Фејсбук.