Андријана Јаневска пак нè почести, немаме ништо против!

173

Нашата популарна пејачка и виолинистка Андријана Јаневска не го пропушти ниту ова лето, а да не нè почести со некоја топ фотографија на која е во костим за капење. Така беше и неодамна кога Јаневска со семејството се одмораше во македонскиот Ерусалим, во Охрид. Таа на своите фанови, преку Инстаграм и ФБ, им се “обрати“ со згодна фотографија, а ја сликаше кој ако не сопругот, гитаристот Драган Гиновски-Гино. Браво за Андријана и потегот, за честењето да се слика вака секси. Според некое непишано правило, македонските пејачки генерално гледано ги избегнуваат фотографиите во костими за капење, па на прсти можат да се избројат ваквите, најхрабрите, како сексапилната Адријана која згора на тоа е и успешна мајка. Д.М.