Андријана Јаневска на платото пред црквата „Св. Петка“ ја испеа патриотската „Заветна“

2739

Прекрасна музичка магија во Прилеп!

Македонската музичка ѕвезда Андријана Јаневска направи вистински концерт за долго памтење, на платото пред велелепната црква „Св. Петка“ во Прилеп. Шармантната и распеаната Јаневска беше придружувана од изведбите на народни инструменти од Ратко и Драган Даутовски, со што севкупниот настап се претвори во магија.

Концертот имаше хуманитарен и донаторски карактер, а беше насловен како “Од векови за векови”. Целта од собраните пари е да се доизгради ова духовно светилиште.

Вистина е дека разубавената Андријана маестрално пее, а големо силно ракоплескање од многубројната публика доби кога ги испеа патриотските: „Заветна”, „Ја излези Ѓурѓо”, „Кога падна на Пирина”… Во таа топла летна ноќ се уживаше максимално, во фантастичните звуци на инструментите и гласот на пејачката, во нејзините интерпретација. Скромна како и секогаш, Андријана со одбрани зборови ја поздрави публиката кои збиени еден до друг и на ова жешко време, сакајќи да бидат што поблиску до својата естрадна миленичка.

Граѓаните им честитаа за настанот на црковниот одбор на храмот, протоереј Љупче Петрески и професорот Мендо Ташкоски, кои беа главни „виновници” за ова ретко музичко случување.

Овој хуманитарен концерт e посветен на доизградбата на духовното светилиште, архитектонскиот бисер, храмот „Св. Петка“ во нас. Точила, Прилеп, за мене е еден од најинспиративните концерти во мојата досегашна кариера. Огромна благодарност до отец Љупче Петрески за поканата и беспрекорната организација.                                  Секако и до моите колеги Драган и Ратко Даутовски, кои со виртуозноста на своите инструменти придонесоа концертот да звучи маестрално и светски, порача искрено големата Андријана.     Д.М.