Андреј Бошњак. Европскиот универзитет ми помогна да ги откријам моите афинитети и да чекорам кон целта 

Андреј Бошњак е на постдипломски студии на Факултетот за детективи и криминалистика, а дипломирал на Економскиот факултет, исто така на Европски универзитет, Скопје. Вели дека и покрај тоа што дипломирал економија отсекогаш предизвик му биле професиите од областа на криминалистиката. Практично, Европскиот универзитет му помогнал да ги открие своите афинитети и да ја најде професијата која му одговара

549

Која беше причината како дипломиран економист да се запишеш на постдипломски на Факултетот за детективи и криминалистика?

По дипломирање на Економскиот факултет, отсек финансии, сакав да го продолжам моето образование. Со оглед на тоа дека отсекогаш предизвик ми биле професиите од областа на криминалистиката решив да се запишам на постдипломски студии на Факултетот за детективи и криминалистика. Практично, Европскиот универзитет ми помогна да ги откријам моите афинитети и да ја најдам професијата која ми одговара. Така, веќе стекнатото знаење од Економскиот факултет го надополнив со материјалот што се изучува на ФДК.

Кажете ни како се реализира наставата и дали сте задоволни од методите на учење кои се применуваат на Европскиот универзитет?

Наставата на Факултетот за детективи и криминалистика се реализира на начин кој ги следи сите најсовремени методи и модели на учење. Таа се изведува преку интересни предавања, дебати, интервјуа, размена на мислења, но и онлајн настава која во моментов поради пандемијата со ковид-19 се покажа како многу корисна и неопходна. Исто така, морам да напоменам дека Факултетот за детективи и криминалистика има многу сериозен пристап кон реализација на студиските програми, заради проблематиката која се изучува.

Каква е соработката со професорите и асистентите и колку тие ви помагаат полесно да го совладате материјалот кој се изучува? 

Соработката со професорите и асистентите е извонредна. Во секое време се спремни да одговорат на прашањата и потребите на студентот. Тие исто така ни даваат поттик да продолжиме понатаму и добра мотивација да не се откажуваме од започнатата работа и како со сигурни чекори да стигнеме до целта. Со други зборови, задоволство е да се работи со таков наставен кадар кој секогаш е спремен да ти помогне и да ти ја олесни работата.

Што би им препорачал на идните студенти. Зошто да го изберат Европски универзитет и што е тоа што овој универзитет го прави посебен од другите?

На идните студенти им препорачувам да го изберат Европскиот универзитет – Скопје, бидејќи тука ќе бидат почитувани и како личности и како студенти. Секако не може, а да не се спомне партнерскиот однос со професорите и асистентите, од кој покрај тоа што стекнуваш знаења, стекнуваш и вештини кои можеш да ги употребиш во текот на животот. Затоа им порачувам да не се двоумат околу изборот и да се запишат на Европскиот универзитет и сигурно нема да згрешат. Мојата порака за сите идни студенти е никогаш да не се откажуваат од нивните соништа.

Кои се твоите планови за во иднина?

Како личност која во животот сака да направи целина од некои работи кои навидум изгледаат неспоиви, инспирација ми се спојувањето, односно интеграција на стекнатите знаења и искуства од двете подрачја кои програмски ги следев во текот на моето студирање на Економскиот факултет и на Факултетот за детективи и криминалистика. Се надевам дека еден ден тоа ќе ми успее, бидејќи и јас никогаш не се откажувам од моите соништа.