Англија загуби во квалификации за прв пат по 10 години

26

Англија го претрпе својот прв пораз во последните 10 години во квалификациите за пласман на Светско или Европско првенство. „Трите лава” загубија од Чешката Република со 1:2 во Прага во дуел за пласман на ЕП 2020.

На овој начин, Островјаните ставија крај на серијата од 43 меча по ред без пораз – 34 победи и 9 реми. За последно, Англија забележа квалификациски пораз на 10 октомври 2009 година, кога беше поразена од Украина со 0-1 во квалификациите за Светското првенство во 2010 година.