Ангеловска: Ветувањето дека оваа година е економска се исполнува

78

Ветувањето дека ова е економска година се исполнува, а тоа го покажува растот на сите економски параметри, како и растот на БДП кој е проектиран на 3,5 %, а во првите два квартала изнесуваше 3,6 %, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Ова година беше економска година, а тоа го покажуваат бројките и резултатите.  Ако ги погледнете бројките за растот на БДП кој е проектиран на 3,5 %, а во првите два квартала изнесуваше 3,6 % ако ги погледнеме сите економски параметри ќе видите дека расте вработеноста, се намалува невработеноста, расте индустријата, градежништвото, потрошувачката…Се работи за бројки кои покажуваат дека ветувањето дека ова е економска година се исполнува, изјави министерката.

Според неа, во последниве осум квартали странските директни инвестиции постојано растат.

-Она што е важно кај странските директни инвестиции е дека треба да се согледа сопственичката структура, треба да се има во предвид дека се работи за трансакции кои имаат одливи и приливи кон други земји. Не треба да се гледа само една бројка во еден даден момент. За да се има посеопфатна слика треба да го почекаме крајот на годината и да ги видиме резултатите, додаде Ангеловска.