Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност и стабилноста на банакрскиот систем ќе бидат одржани и во 2019.

98

И во 2019 година ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, порачува гувернерката на Народната банка на Република Македонија во честитката по повод Новата 2019 година.

-Сигурна сум дека и во годината што е пред нас ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем на Република Македонија. И во следните 365 дена ќе ги унапредуваме сите сегменти на централнобанкарското работење во земјава, за да може НБРМ и натаму да го дава својот максимален придонес во доближувањето на македонската економија до европското семејство, стои во честитката.

Во неа гувернерката со искрени желби за добро здравје и среќа посакува година на хармони