По разводот од Дарко Лазиќ, пејачката Ана Севиќ започна врска со Даниел Недељковиќ. Парот оваа година ќе стапне на лудиот камен.

Ана и Даниел се во врска две години, а сфатиле дека е време нивната врска да се крене на повисоко  ниво. Тие планираат прво да започнат да живеат заедно. Поради тоа пред некое време започнаа со уредување на станот на Даниел. Но, поради вирусот тие не го уредија целиот стан. Кога потполно ќе го опремат  таа и Лорена ќе се преселат во него – пренесува Блиц.

Откако ќе се преселат Ана и Даниел ќе започнат и со подготовката за свадба. Тие планираат свечената прослава да се одржи во Белград. Нивна желба е да имаат голема свадба и на тој ден да им се придружат сите нивни пријатели, роднини и соработници.

Парот ја започна нивната врска во јануари 2018 година. По некое време одлучија да раскинат. Српските медиуми шпекулираа дека причината за раскинувањето била тоа што Даниел не ја запросил. Некои пренесуваа дека тој ја изневерувал. Но, Ана потоа објасни дека ништо од тоа не е вистина, и дека некои недоразбирања, кои и секој друг пар ги има, биле причина за нивното раскинување. (М.А) – Фото: Фб.