Американско-кинескиот трговски договор тешко ќе ја погоди Германија

14

Неодамна договорената привремена спогодба меѓу САД и Кина за стопирање на трговската војна ќе ја погоди тешко Германија, објави Институтот Кил за светска економија (IfW).

„Како резултат на пренасочувањето на трговијата, германскиот извоз во Кина веројатно ќе падне за речиси 4,5 милијарди долари, особено во индустрии како автомобилска, авионската и индустријата за машини“, се вели во соопштение на институтот.

Тие додаваат дека само бразилските одгледувачи на соја ќе забележат посилен удар и дека извозот во Кина же им се намали за пет милијарди американски долари како резултат на трговскиот договор меѓу САД и Кина.

Како дел од договорот, Кина вети дека ќе увезува стока во вредност од 200 милијарди американски долари и затоа ќе се откаже од производите од други земји, истакна претседателот на IfW Габриел Фелбермајр.

– Од друга страна, договорот им штети на другите кинески трговски партнери, чиј увоз сега се заменува со американски производи и во голема мерка го губи уделот на пазарот во Кина, додаде тој.

IfW очекува германското производство да биде најтешко погодено. Овој сектор се очекува да извезе 4,3 милијарди американски долари помалку стоки во Кина во 2021 година, во споредба со сценарио за никаква трговска војна и без привремена спогодба.