Американски суд пресуди: Гугл незаконски одржувал монопол во онлајн пребарувањето

29

Американски судија пресуди дека Гугл дејствувал незаконски за да го задржи монополот над онлајн пребарувањето и поврзаното рекламирање.

Одлуката може да го промени начинот на кој технолошките гиганти водат бизнис во иднина.

Американското Министерство за правда го тужеше Гугл поради неговата контрола над околу 90% од пазарот на онлајн пребарување.

Во одлуката, окружниот судија Амит Мехта истакна дека Гугл платил милијарди за да се осигура дека тој е стандардниот пребарувач на паметните телефони и прелистувачите.

„Гугл е монопол и дејствуваше како монопол за да го задржи својот монопол“, напиша во своето мислење Џастис Мехта.