Сопственикот на Феникс санс, Роберт Сарвер, со години правеше разни скандали, а кога почнаа да излегуваат тие на виделина, НБА го принуди да го продаде клубот.

Сега оваа франшиза е во процес на продажба, и Сарвер е веќе сменет од сите позиции. Овој арогантен милијардер, кој сексуално вознемируваше работнички и упадна во соблекувалната навредувајќи ги сите, ќе мора да се помири со продажбата на тимот.

Познатиот НБА-кошаркар, а сега еден од најпознатите кошаркарски консултанти во Америка, Чарлс Баркли, откри во поткаст со Бил Симонс дека во една група што дава понуда за купување на Санс е поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

  • Слушнав дека Обама е во една од групите што даваат понуди и тој е еден од оние луѓе за кои верувам дека секој би сакал да биде на чело на франшизата. Ако ме повика Обама и побара од мене да бидам дел од сопственичката структура на тимот, секако дека ќе се согласам. Толку многу го сакам и му се восхитувам на тој човек – изјави Баркли.

Што се однесува до Обама, за време на своето владеење сакаше да се дружи со НБА-играчите. Познато е дека играше кошарка во младоста и е голем фан на Чикаго булс. Сега може да се пресели на Флорида и од прв ред да ги гледа натпреварите на Девин Букер и на Крис Пол.