Американски научници откриле состојка во исхраната која помага при слабеење

24

Американски научници откриле дека циметот содржи есенцијално масло кое го поттикнува метаболизмот, забрзувајќи го истовремено процесот на согорување на масните ќелии во организмот.

Станува збор за цинамалдехид, органско соединение кое на циметот му дава вкус и мирис, а се наоѓа претежно во неговата кора.

Научниците од Универзитетот во Мичиген заклучиле дека цинамалдехидот активира термогенеза.

Станува збор за процес на создавање на топлина во телото кој е карактеристичен за топлокрвните животни и луѓе, а процесот се базира на оксидација на хранливите материи. Со помош на термогенеза се согоруваат материи.

Споменатиот процес помага во губење на телесна тежина, а авторот на истражувањето заклучил дека токму циметот го поттикнува тој процес во метаболизмот.

Главниот автор на истражувањето соопштува дека и од порано му биле познати предностите на соединението цинамалдехид, но сакал да ги продлабочи своите знаења со понатамошни истражувања.

Тој заедно со своите колеги направил низа на експерименти прво на лабораторски глувци, па на човечки клетки во лабораториски услови.

Заклучиле дека циметот (односно соединението цинамаладехид) поттикнува термогенеза и процес на согорување на маснотии во организмот, но и тоа дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања, бидејќи досегашните биле спроведени само на човечки клетки во лабораторија.

„Циметот е дел од исхраната веќе илјадници години и неговата примена во спречувањето на дебелеењето би можела да биде поедноставна и поприфатлива од некои други методи“, вели авторот на истражувањето Џун Ву.

Најраната употреба на цимет била забележана пред 4.000 години.