Американски инвеститори можат да го купат ВБА

29
WEST BROMWICH, ENGLAND - NOVEMBER 28: Conor Gallagher of West Bromwich Albion celebrates after scoring his team's first goal during the Premier League match between West Bromwich Albion and Sheffield United at The Hawthorns on November 28, 2020 in West Bromwich, England. Sporting stadiums around the UK remain under strict restrictions due to the Coronavirus Pandemic as Government social distancing laws prohibit fans inside venues resulting in games being played behind closed doors. (Photo Lindsey Parnaby - by Pool/Getty Images)

Премиерлигашот Вест Бромвич може да ја смени сопственоста. Шест потенцијални инвеститори се заинтересирани за купување на клубот. Претставниците на клубот веќе разговарале со тројца потенцијални купувачи, од кои двајца од Соединетите Американски Држави, објави „Дејли мејл“.

Кинескиот бизнисмен Гуочуан Лај, кој е сопственик на Вест Бромвич, сака да добие 150 милиони фунти за продажба на клубот, но поради последиците од пандемијата на коронавирусот, тој може да го продаде тимот и за 100 милиони фунти.

Лај го купи Вест Бромвич во 2016 година за околу 200 милиони фунти. Вест Бром е 17. во Премиер лигата со 6 бода по 10 одиграни натпревари.