Авион на армијата на САД, во кој се наоѓале осум лица, падна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.
Портпаролот на јапонската крајбрежна стража додаде оти нема дополнителни информации за инцидентот, ниту за состојбата и безбедноста на луѓето кои биле во авионот од типот „В-22 Оспри“.
Очевидци велат дека забележале оган во левиот мотор и дека леталото паднало во океанот. Портпаролот на американските сили во регионот рече дека е во тек собирање на информации за инцидентот.
„В-22 Оспри“, кој го произведуваат американските компании „Бел“ и „Боинг“, е повеќенаменски воен авион кој може да полетува хоризонтално и вертикално. Направен е од потребата за комбинација на функционалност на конвенционални хеликоптери и со голем домет и брзина на авиони.