Американската кошаркарка Бритни Гринер, е прогласена за виновна во Русија за шверц на дрога. Таа беше приведена уште во февруари годинава, а сега е осудена на девет години затвор.

Обвинителот инаку побара девет и пол години затвор за ѕвездата на ВНБА, но судот ја намали казната за шест месеци во врска со тоа барање. Инаку, во последните неколку недели се зборуваше за „договор“ со Американците кои бараа нејзина екстрадиција.

Гринер пристигна во судот со лисици и придружуван од руски офицери. Откако ги извади лисиците, разговараше со својот адвокатски тим, а потоа крена фотографија од Екатеринбург, клубот за кој игра во Русија за време на нејзината пауза во САД.

Кошаркарката за време на своето излагање се извини и побара прошка од својот клуб во Русија каде игра, исто како и нејзините соиграчи за се што направи. Претходно, во неколку наврати се зборуваше за загриженоста дека таа се користи како политички пион во конфликтот на земјата против Украина.

Гринер претходно се изјасни за виновна, бидејќи се надеваше дека ќе биде доволно за да ја депортираат.

Американката беше уапсена на аеродромот Шереметјево во Москва со марихуана во багажот, а од тогаш американските власти се обидуваа да ја депортираат назад, но не успеаја.