Американка нашла добитен тикет вреден пола милион долари

11

Роса Ибара од Тексас во ранецот на нејзиниот сопруг пронашла добитен тикет од Лотаријата на Вирџинија од 500.000 долари.  Сопругот на Ибара бил на службен пат во Вирџинија и откако се вратил дома таа решила да го исчисти неговиот ранец, при што го нашла тикетот за кој првично мислела дека е недобитен.

Роса го однела тикетот кај нејзиниот сопруг, а тој и рекол дека во ранецот го ставил негов колега. Кога сепак ги провериле бројките утврдиле дека тикетот носи премија од 500.000 долари.