Алонсо како лев бек

80

Раководните лица на Атлетико (М) ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигурат услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Маркос Алонсо.

Популарните „јорганџии“ се во потрага по играч кој може да игра на левата бековска позиција, а деталната анализа покажа дека Алонсо е идеален за таа позиција. Неофицијално, челниците на шпанскиот гигант се подготвени да одвојат околу 30 мил. евра за услугите на поранешниот фудбалер на Фиорентина.