Менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Тиаго Алкантара.
Трофејниот шпански стручњак е во потрага по играч кој ќе биде достојна замена за бразилскиот интернационалец Фернандињо, а деталната анализа покажала дека Алкантара може да биде и повеќе од достојна замена за поранешниот фудбалер на Шахтјор од Донецк. Неофицијално, “граѓаните” во следните неколку дена ќе испратат официјална понуда за Алкантара која нема да биде помала од 40 мил. фунти.