Воведното коло од новата сезона во македонската ракометна Суперлига беше комплетирано денеска со дерби натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар 1961.
Алкалоид во Автокоманда со 33-30 го победи вториот фаворит за титулата, РК Вардар. Вардар.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Митев и Серафимов со по осум гола, Лазаревски кај Вардар беше прво име со шест реализации.
Пет натпревари од премиерното коло се одиграа вчера, а Еурофарм Пелистер со гостинска победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи го Тиквеш со 31-27.
Гостински победи забележаа и Охрид против Радовиш (36-18) и новиот прволигаш Бисинов, кој минимално триумфираше над Струга (31-30).
Бутел на домашен терен беше убедлив против Куманово (29-12), а без победник заврши дуелот меѓу Прилеп и Тинекс Пролет.
Фото: П.Стојановски