Алекс Душебаев во аут до крајот на сезоната

12

Полскиот ракометен шампион Киелце, скапо ја плати победата во Шведска над Кристијанштад, откако полскиот првак остана без уште еден клучен ракометар во пресрет на последните битки во групната фаза од Лигата на шампионите.

Станува збор за најдобриот играч на Киелце, Алекс Душебајев, кој се повреди во првото полувреме од дуелот со Кристијанштад, по што повеќе не се врати на теренот.

Повеќе детали се очекуваат во следните 24 часа, но во Киелце стравуваат дека повредата е сериозна и дека поранешниот играч на Вардар најмалку еден месец нема да му биде на располагање на стручниот штаб. Само за потсетување, Киелце и онака е десеткуван по завршувањето на СП, откако Циндриќ се врати повреден и ќе мора да паузира уште дваесетина дена, додека повредата на коленото на братот на Алекс, Дани Душебајев, е многу сериозна и за младиот бек оваа сезона е предвреме завршена.

Полскиот првак моментно се наоѓа на делба на третото место во групата во ЛШ, рамо до рамо со Веспрем, зад водечките Барелона и Вардар.