Александар Петровиќ не е само човек кој со репрезентацијата на Хрватска се искачи на подиумот во 1995 година, туку и тренер кој успеа да го запре налетот на еден од најдобрите кошаркари во моментов и МВП за минатата сезона во НБА лигата, Јанис Адетокумбо.

Петрович ги доведе кошаркарите на Бразил до големо изненадување во второто коло на Мундобаскетот во Кина, совладувајќи ја селекцијата на Грција со 79:78. Со оваа победа тој го осигура пласманот во наредната рунда од натпреварувањето.

  • Овој меч е причината зошто толку многу го сакаме овој спорт. Имаме 23-годишник кој е МВП во НБА лигата, но беше запрен од 40-годишниот Алекс Гарсија, кој му покажа на Адетокумбо каде му е местото. Ова беше историски натпревар за Бразил. Тие беа домаќини на Олимписките игри во 2016 година и беа неуспешни, така што победата ни беше од големо значење. Одличен почеток во третата четвртина ни помогна да ја преземеме контролата на натпреварот, изјави Петровиќ.

Еден од хероите во оваа победа на „кариоките“ беше споменатиот Алекс Гарсија.

  • Јанис Адетокумбо е повисок од мене, но кога ќе ја спушти топката, јас сум повисок од него. Тешко ми беше да се бранам против него затоа што тој е атлета, но среќен сум што победивме, истакна Гарсија.