Алекси Пантуро е светски шампион во комбинација

18

Алекси Пантуро го освои првиот златен медал на Алпските светски скијачки првенства со триумфот во комбинација на шампионатот во Оре. Францускиот скијач имаше најдобро време по спустот и слаломот и триумфираше пред изненадувањето на денот, Словенецот Штефан Хадалин кој го освои среброто. Тој го направи најголемиот успех во кариерата и и го донесе на неговата земја вториот медал од ова првенство. Пантуро претходно имаше злато од пред две години во тимска конкуренција и бронза во велеслалом од Бивер Крик во 2015 година.

Победничкото време на Пантуро беше 1.47.71 минути, а Хадалин заостана 24 стотинки. До бронзата, со заостанување од 46 стотинки, дојде Австриецот Марко Шварц и конечно донесе медал за австриската репрезентација на овој шампионат.